Monday, May 7, 2012

ВЛЕЗНО-ИЗЛЕЗНИ УРЕДИ

Како што досега кажавме, во централната единица се наоѓаа главните елементи на компјутерот, додекасите останати елементи се приклучуваа на неа и нив ги нарекувавме периферни единици односно уреди. Според функцијата која ја вршата овие периферни единици (уреди) нив ги делиме на:
1. Влезни уреди
- за внесување податоци (текст, звук, слика) во компјутер.
2. Излезни уреди
- за добивање резултати (податоци) од компјутер.
3. Влезно-Излезни уреди.

 Влезни и излезни уреди

Човекот ја врши комуникацијата со персоналниот компјутер преку посебни уреди т.н. влезни единици и излезни единици. Преку влезните единици на персоналниот компјутер му се задаваат команди, се внесуваат податоците.Задачата на влезните единици е применетите команди и податоците во аналогна форма ( облик на број, текст, звук или слика) , да ги преведе во низа електрични импулси што централната единица можа да ги препознае и да ги смести во меморијата како битови (нули и единици).

Влезни уреди
· тастатура
· глувче
· скенер
· микрофон
· дигитален фотоапарат
· камера
· графичка табла
· светлосно перо
 


Тастатура
Најчесто користена влезна единица е тастатурата (анг. keyboard). Таа е слична со тастатурата на обичната машина за пишување.На тастатурите постојат три главни копчиња, и тоа: алфабеска група, нумеричката група и група на функциски копчиња (F1 до F12). На некои копчиња има по два знака, а на некои е напишана комада што се задава со нивното притискање. Секое копче на тастатурата има свој код. Кога се притисне некое копче кодот се праќа во компјутерот. Стандардните тастатура имаат 102 или 101 копче, а има и тастатури со 130 и повеќе копчиња. Постојат и ергономски тастатури обликувани според поставеноста на рацете при работа со компјутерот.

Објасни ја функцијата на копчињата : Caps Lock, Shift, Num Lock, Backspace, Delete, Enter, Ctrl+Alt+Delete, Space.

Глувче

Денешниот софтвер работи во графичка околина, каде што командите не се задаваат со
испишување, туку со избирање. Глувчето се користи за избирање и активирање на командите.Глувчето се движи по рамна површина (или специјална подлога наречена пед (анг. pad)). Неговото движење се манифестира преку движење на посебен покажувач - стрелка по екранот. Кога стрелката ќе се најде над командата за бараната акција, се притиска едно од копчињата кои се наоѓаат на горниот дел на глувчето.Глувчето е поврзано со глувчето преку кабел, но постојат и безжични глувчиња кои комуницираат преку инфрацрфените зраци или преку слаби радиобранови.

Скенер

Скенерот (Scanner) е оптички влезен уред кој може да прочита текст или графика и таа информација да ја претвори во електронска форма.

Бар код читач

Бар код (Barcode) читачот е оптички влезен уред, кој најчесто може да се сретне во продавниците. Читајќи го бар кодот отпечатен на амбалажата на производот, овој уред овозможува брзо, лесно и без грешки внесување на податоци за производот на касата за наплата, со што доста се заштедува во време.

Аудио-визуелни уреди

Тоа се уреди кои овозможуваат внесување на аудио- визуелни податоци (звук, слика и видео) во компјутерот и нивно претварање во дигитална форма. Такви уреди се: микрофонот, дигиталниот фотоапарат и видео камерата.



Излезни уреди

Излезните уреди ги примаат резултатите од обработката во компјутерот во облик на елктрични сигнали, ги конвертираат и ги презентираат во форма што е разбирлива за корисникот: броеви, текст, слика и звук.
Излезни уреди :

  • монитор
  • печатач
  • модем
Монитор
Сликата на екранот е составена од многу мали точки наречени пиксели. Каналот на бои е RGB (значи секој пиксел ги содржи црвената, зелената и сината боја). Кога на екранот се прикажува текст, велиме дека компјутерот работи на текстуален начин, кога се прикажува слика тоа е графички начин на работа на компјутерот.
Карактеристики на мониторите
- големина на монитор ( се изразува во должина на дијагоналата изразена во инчи ( 1 “ = 2.54 cm)
- резолуција (број на точки на екранот)
пример : 1024х768 (првата бројка е бројот на хоризонтални, а втората - бројот на
вертикалните точки на екранот)
- растојание меѓу точките (dot pitch)
- фрекфенцијата на освежување (број на исцртувања на слика во 1 секунда изразено во Hz (херци)
Постојат CRT мониторите (Cathode Ray Tube) – со катодна цевка
LCD - монитори (Liquid Crystal Display - LCD), кои се изработени со течен кристал.


Печатач
Печатачот се користи користи за претставување на резултатите од обработката на податоците на хартија. Според принципот на работа и начинот на оставање отпечаток врз хартијата печатачите се делат на: матрични, ласерски, млазни, термички.Најквалитетни и најкористени печатачи денеска се ласерските печатачи. Карактеристично за нив е тоа што тие одеднаш печатат цела страна без разлика на нејзината содржина. Печатењето се изведува со помош на ласерски зрак и специјален прав (тонер).
Квалитетот на ласерскиот печатач зависи од
резолуцијата што ја постигнува на квадратен инч и
од брзината на печатење
Млазните печатачи, т.н инк-џет денес се користат се повеќе, бидејќе се доста квалитетни и релативно ефтини. Печатењето на точките е со капки од мастило, кои излегуваат од минијатурни шприцеви со дијаметар на влакно од коса .. Мастилото се чува во садови (ink catridge) за секоја боја посебно посебно според моделот CMYK (Cian, Magenta, Yelow и Black). Нијансите на боите се добива со мешање на соодветни количини на основните бои. Главни карактеристики се: ниска цена, квалитетен отпечаток, средна брзина на печатење.
Матричните печатачи го добиле името по тоа што секој знак се печати како матрица од точки, при што се печатат само оние точки што му припаѓаат на знакот. Матричните печатачи се нарекуваат уште и иглични, бидејќи точките ги печатат метални иглички кои удираат преку лентата на хартијата. Брзината на печатење се изразува во број на отпечатени знаци во една секунда.

 
Модем


Тоа е уред што овозможува поврзување на два физички оддалечени компјутери преку обична телефонска линија. Брзината на пренос на податоците се мери со битови во секунда (bps).
Видови:
внатрешни (интерни)
надворешни (екстерни)
Негова задача е да ги прими дигиталните податоци од персоналниот компјутер, да ги преведе во аналогни сигнали ( модулира ) и да ги испрати преку телефонската линија. Модемот на приемниот компјутер, ги прима аналогните сигнали од телефонската линија, ги претвора во дигитални сигнали ( демодулира) и ги внесува во компјутерот.




Превземено од itedukacija-informatika.blogspot.com